CRM SmartBit

Кон продажната стратегија има многубројни пристапи и тие најмногу зависат од продавачите. Вообичаено продавачите се потпираат на начинот на комуникација, пристапот и изгледот, а честопати ја запоставуваат самата продажна стратегија, којашто би можела да им обезбеди поуспешна продажба.

При подготовката на стратегијата, треба да се дефинира како купувачот со нашиот производ ќе го подобри секојдневието.

Кога ќе се подготви основната листа на предности за купувачот, важно е таа да се дополнува и преку разговори со клиентите. Уште подобро е тие податоци за де запишат во CRM@SmartBit решението и на тој начин се обезбедуваат сите информации на едно место.

Кога продавачот ќе ги определи главните предности на услугата или производот, којшто го продава, треба да се определи целната група на клиенти. Мора да се прашате, кои се претпријатијата и лицата, коишто би биле потенцијални клиенти и со кое лице во претпријатието би било најдобро да се договорите за состанок. Со помош на  CRM@SmartBit полесно можете да ги запознаете постојните клиенти и имате предност пред конкуренцијата, бидејќи можете да добиете податоци за тоа кој е купувачот, што и кога купил и на кој начин комуницирал.

Податоци за контакт во CRM@SmartBit

Во стратегијата за продажба е важно да се дефинираат пристапите во продажбата. При нивниот избор со системот CRM@Smartbit имате отворени рокови. Можете да ги определите преку документите во нарачките и во форма на статуси, коишто претставуваат чекори во процесот на продажбата. Со означените чекори на продажбата полесно го следите процесот и со тоа полесно продолжувате, бидејќи во todo-ата сте запишале обновување на разговор и клучните точки за следниот пат. На тој начин имате поголема самодоверба при продажбата, бидејќи ги познавате желбите на клиентите и барате решенија.

Преку TODO-ата полесно ги следите и другите продавачи, бидејќи ознаките ви кажуваат на кој степен се наоѓа продажбата (на почеток, кај понуда, кај аванс и т.н.). Со систематска анализа на продадените и изгубените можности можете да ја дополнувате својата продажна стратегија, бидејќи CRM@SmartBit нуди преглед на сите активности на продавачот.

Откако процесот на продажбата ќе заврши (позитивно или негативно), важно е продажната стратегија да ја дополниме со информација за конкурентската предност или недостатокот, којшто го добил купувачот. Таа информација е важна како за подготвување на нови продажни стратегии, како и за подобрување на внатрешните процеси во претпријатието (подобрување на услугите, производите или продажната програма).

Проверете како CRM@SmartBit може да помогне за изработка на успешна продажна стратегија и да ви помогне за подобрување на внатрешните процеси на претпријатието. Тестирајте ја бесплатната демо верзија на CRM или искористете попуст од 50% на избраниот CRM@SmartBit CRM@SmartBit до 30 септември. За повеќе информации за понудата пополнете го контактниот образе или пишете ни мејл на sales@app-smartbit.com.

Obvladovanje zalog v proizvodnji

За успех на претпријатието се потребни повеќе фактори и еден од нив е контролирањето на залихите во складовите. Претпријатијата може да имаат проблеми со преголеми залихи (на материјал, производи и стоки), бидејќи тие треба да се финансираат. Од друга страна, претпријатието со премногу мала залиха не може навреме да обезбеди стоки за своите купувачи, односно материјал за производството. Со соодветно програмско решение претпријатието може ефикасно да се избегне проблеми при контролирањето на залихите и на тој начин позитивно да влијае на својата ликвидност и успешност.

Важност на комуникацијата меѓу продажбата, набавката и производството

Претпријатијата на оперативно ниво трошат многу време на прибирање и обработка на податоци и меѓусебно комуницирање во текот на продажбата, набавката и производството. Во ERP Pantheon сите податоци (како што се состојбата на залихите на материја, полупроизводи и стоки, потребите на производството од материјали и полупроизводи, потребите на купувачите според стоките и купувачот) се зачувани во одделни табели, а вработените можат да ги добијат податоците со клик на определени изводи.

MNF@SmartBit е апликација, директно поврзана со ERP Pantehon во форма на табели, коишто црпат податоци од различни области и ги прикажуваат според одделните модули, со цел полесна прегледност и организација. Бидејќи претпријатието добива нарачки и состојбата во складот се менува, важно е сите оперативни изведувачи да ги видат освежените податоци во иста табела секаде и во секое време, бидејќи само така може да дојде со неусогласеност. Претпријатијата, коишто го користат MNF@SmartBit, како предност го наведуваат токму едноставниот увид во секогаш актуелните податоци, што овозможува брзо реагирање на промените, а со тоа и брз обрт на залихите.

Претпријатијата, коишто го имплементираа MNF@SmartBit, нè известуваат дека поефикасно ги контролираат залихите и дека подобро соработуваат меѓу продажбата – набавката – производството..

Skladište u kompaniji Ilkos d.o.o., gde su uvedena SmartBit rešenja (CRM, MNF, MES i WMS)

Воведување на MNF@SmartBit

Обезбедувањето на проток на податоците меѓу одделните служби е дел од  успешноста на претпријатието, а особено се важни податоците за продажбата (план за продажба, најави и нарачки на купувачите).

Во апликацијата MNF@SmartBit оперативниот план за продажба го следиме на ниво на артиклот на залиха и преку историјата на продажбата, од што добиваме информација за самиот тренд на продажбата. На тој начин ја споредуваме продажбата со планот и ги контролираме најавите и нарачките на купувачите однапред и со тоа добиваме информации за покриеност на нарачките со залихи. Истовремено ги контролираме и нарачките кон добавувачите и лансирањето на барањата за сопственото производство.

Забележавме дека претпријатијата по имплементацијата на решението MNF@SmartBit нè информираа дека поефикасно ги контролираат залихите и дека одделните служби за продажба, набавка и производство подобро соработуваат меѓу себе. Потребите од стоки и производи биле поточно и навремено достапни, а со тоа обезбедиле контролирање на процесот согласно со потребите на продажбата.

Ако ве интересира како можете MNF@SmartBit да го имплементирате во вашето претпријатие, можете да нè контактирате на sales@smartbit.si или да го пополните нашиот контактен образец, за да може да поразговараме за вашите желби и за поефикасното контролирање на залихите.

Dober poslovni rezultat s CRM@SmartBit

Со CRM@Smarbit ЗАШТЕДЕТЕ ВРЕМЕ ПРИ ВНЕСУВАЊАТА И ПОНУДИТЕ

Предноста на CRM@SmartBit се состои пред сè во брзото воведување и синхронизација меѓу ERP Pantheon и CRM. CRM@SmartBit автоматски овозможува податоците од Pantheon да се пренесат во CRM и податоците од CRM да се пренесат во Pantheon. На тој начин сите оперативни изведувачи ги гледаат освежените податоци каде било и во секое време, бидејќи само на тој начин не доаѓа до несовпаѓање.

CRM ЈА ДОПОЛНУВА ДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРОДАЖБА

Колку повеќе информации имате за претпријатието, толку поуспешно можете да комуницирате со него. Во CRM@SmartBit можете да ја запишете целата интеракција со клиентот (содржина на повици, историја на разговорите, лица со коишто сте разговарале, планирани состаноци, нарачки договорни ценовници), што ви помага својата  стратегија за продажба да ја дополните и да ја подобрите.

Календар во CRM@SmartBit

CRM ЈА ПОДОБРУВА УСПЕШНОСТА И КОМУНИКАЦИЈАТА МЕЃУ ОДДЕЛИТЕ ВО ПРЕТРПРИЈАТИЕТО

Поради автоматизираните процеси тој им овозможува на сите во претпријатието (ако лицето за тоа има и права во  ERP Pantheon) преглед над повиците, мејловите, разговорите, календарот и понудите до одделните клиенти. На тој начин вработените во продажба и маркетинг може да пристапуваат до сите информации, коишто се важни за успешна продажба – од продажната инка до завршувањето на продажбата, односно неуспешна продажба. Тимовите може да соработуваат уште подобро, бидејќи размената на податоците е сигурна и брза.

Pregled nad prodajo - Prodajni lijak v CRM@SmartBit
Продажна инка во CRM@SmartBit

CRM ОВОЗМОЖУВА КРЕИРАЊЕ НА ПАТНИ И СЕРВИСНИ НАЛОЗИ

Подготовката и внесувањето на податоци во патниот, односно сервисниот налог, вообичаено одзема многу време. Поради тоа во CRM@SmartBit  додадовме опција за креирање на патен и сервисен налог, многу брзо и едноставно. Треба да имаме само интернет врска и преку позициите да го дефинираме патувањето и да ги евидентираме трошоците, настанати при патувањето (паркинг, патарина и т.н.), односно да го опфатиме потрошениот материјал при вршењето на сервисната услуга.

Primer kreiranja servisnega naloga v CRM@SmartBit
Пример на креирање на сервисен налог CRM@SmartBit

CRM ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОЛЕСНО РЕШАВАЊЕ НА БАРАЊАТА НА КЛИЕНТИТЕ

За успешно решавање на барањата на клиентите претпријатијата мора да ги следат барањата и соодветно да ги планираат и опфаќаат спроведените активности. Во CRM@SmartBit ја искористивме логиката на модулот во рамките на Pantheon и ги овозможивме сите чекори за планирање на изведувањето и изведувачите како и на потрошувачката на време и материјал.

Решавање на барања (HELPDESK) во CRM@SmartBit

Проверете како CRM@SmartBit може да помогне за изработка на успешна стратегија за продажба и да ви помогне за подобрување на внатрешните процеси на претпријатието. Тестирајте ја бесплатната демо верзија на CRM или искористете попуст од 50% на избраниот CRM@SmartBit до 30 септември. За повеќе информации за понудата пополнете го контактниот образец или пишете ни на мејлот на sales@app-smartbit.com.

Владее општо убедување дека CRM е корисен само за големи претпријатија. Честопати поради тоа помалите претпријатија не размислуваат за интеграција на алатката CRM, затоа што претпријатието е мало. Но, всушност и големите и помалите претпријатија се соочуваат со слични проблеми. Нашиот CRM@SmartBit е конципиран така што ги решава проблемите на помалите претпријатија, како што се:

  • ограничена расположливост на персонал за продажба,
  • полоша информатичка поддршка, којашто ги анализира податоците,

и проблеми на големите претпријатија, како што се:

  • проблемот на надзор над продажниот тим,
  • обработка и сегментирање на податоците за продажбата (бидејќи количината на податоците е поголема).

Ако сè уште сметате дека вашето претпријатие е премногу мало за интеграција на CRM, прочитајте ги нашите причини за подобрување на работењето на претпријатието со користење на CRM@SmartBit.

СИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА САКААТ УСПЕШНО И БРЗО ДА ЈА СКЛУЧАТ ПРОДАЖБАТА

Колку е силен вашиот тим при склучување на продажба? Дали секогаш се јавувате и проверувате кај потенцијалниот клиент дали можноста не е изгубена?

Сите претпријатија сакаат да ја зголемат продажбата и побрзо да ја склучат, што особено за малите претпријатија не смее да биде загатка. Претпријатијата, коишто го користат CRM@SmartBit, поради полесното запишување на настаните и степените (прв повик – побарување – профактура – продажба), имаат подобар преглед над самата продажба, којашто полесно ја склучуваат. На тој начин продавачите подобро ги следат претпријатијата и разговорите  и тие се флексибилни за потенцијално успешно склучена продажба.

СИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА САКААТ ДА ИМААТ УВИД ВО ПОДАТОЦИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ

Секој продавач мора да го познава купувачот, неговите желби, што, кога и зошто сака да купи. Податоците како што се податоците за клиентите, датумите и нарачките тој мора секогаш да ги има при рака.

Веднаш по интеграцијата, CRM@SmartBit станува простор за прибирање, сегментирање и управување со нови lead-ови. Претпријатието полесно врши преглед на успешноста на продажбата  и добиените податоци ги користи за подобрување на маркетиншката стратегија и на процесот на продажбата. Притоа вработените не губат време барајќи податоци и го бараат контекстот од претходните разговори, бидејќи сите податоци ги имаат во CRM. Предноста на CRM системот се состои и во тоа што тој ви обезбедува да не изгубите ниеден нов lead, односно нова потенцијална можност за продажба.

СИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА САКААТ УСПЕШНО ДА ИМ ПОНУДАТ НОВИ УСЛУГИ И ПРОДУКТИ НА СВОИТЕ КУПУВАЧИ

Дали имате преглед врз новите продажни можности, коишто можете да им ги понудите на постојните купувачи?

Сите претпријатија имаат потреба од брзо подготвување на листи од постојните продажби и можностите, коишто овозможуваат сегментирање на купувачите според географските области, класификацијата на артиклите и другите карактеристики. Добиените листи се основа за спроведување на е-маркетинг за да може новите производи и услуги брзо да им ги понудите на потенцијалните клиенти.

Со е-маркетингот малите претпријатија можат:

1.           Самостојно да подготват листи и таргетирано да ги пратат најнапред до најсоодветните

               клиенти.

2.           Да праќаат персонализирани мејлови на повеќе луѓе истовремено.

3.           Да ги зачуваат основните на мејлот и да ги надградуваат.

4.           Преку аналитиката да го проверат успехот на мејловите.

Без оглед на тоа дали вашиот тим се состои од дваесет или од три лица, CRM системот може да ја подобри вашата продажба и вашата работа на повеќе начини.

Колку е важен системот CRM за вашето претпријатие може да утврдите дури откако ќе го интегрирате во вашето претпријатие. Ако сакате да проверите дали CRM@SmartBit би бил соодветна надградба за вашето претпријатие, пишете ни за демо верзија на CRM или искористете ја понудата за CRM@SmartBit систем со намаление од 50%.

Услов за интеграција на ERP системот PANTHEON.

Fornix d.o.o. v sodelovanju s SmartBit rešitvami

За претпријатието Fornix важи слоганот, напишан на нивната интернет страница: “Simplify is our claim.” Филозофијата, којашто го дефинира претпријатието, е да се упростат севкупното работење, структурата, организацијата на технологијата и односите со купувачите и партнерите.

Од 2017 година, откако работиме за претпријатието Fornix, можеме да кажеме дека кај нив Lean production е реалност. Процесите се оптимизирани и нивното претпријатие работи со сите позначајни автомобилски брендови.

Со решението Pantheon ERP и нашите дополнителни SmartBit решенија: MNF@SmartBit, MES@SmartBit и WMS@SmartBit, како и помошните решенија APP Smartbit, поставивме ефикасен информациски систем. Поради тоа процесите меѓу продажбата, набавката и производството се ефикасни и правилно распределени, што овозможува поголема јасност при работата.

MNF@SmartBit

Производство на Fornix и воведување на решението MNF@Smartbit и MES@SmartBit

MNF@SmartBit се применува во производството како врска меѓу продажбата и производството, а исто така и како алатка за дизајнирање и планирање на производството. Планирањето на производството се одвива според системот на водечки распоред на производството MPS, се добиваат информации за зафатеноста на капацитетите на ресурсите, се овозможува планирање на производството и врз основа на тие информации да се утврдат потребите од човечки ресурси. Воедно се потпираме и на продуктот Pantheon и обезбедуваме и податоци во врска со материјалното снабдување на производството.

Следењето на производството се врши преку директно внесување на производството (MES@SmartBit) со терминали.

WMS@SmartBit

WMS@SmartBit Warehouse sistem
WMS@SmartBit Warehouse систем во претпријатието Fornix

WMS@SmartBit Warehouse систем има надзор над материјалите и производите. Се грижи за примена на FIFO полупроизводите во производството. Системот е директно поврзан со производството и овозможува директен пренос на производите на локацијата во складот.

Податоците се спојуваат во одделот за финансии, којшто со интерни анализи и дополнителни анализи,  којшто е воспоставен преку MS Power BI и обезбедува ефикасен надзорен систем.

Крајниот резултат од воведувањето на севкупниот информациски систем е оптимизација на ресурсите, поврзани со информацискиот процес, оптимизација на залихите на материјал и полупроизводи, како и зголемување на ефикасноста на производството.

Системот се движи во насока Производството 4.0 во претпријатието Fornix да стане реалност.

Претплатете се на е-вести

Пријавете се за е-вести и останете во контакт.

    Vi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

    Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.