MES@SmartBit
MES@SmartBit е информациски систем, којшто е интегриран со ERP Pantheon и тие заедно сочинуваат нов концепт на сеопфатно решение за опфат и следење на податоците во производството. Апликацијата работи на Win терминали, инсталирани на локации во производството (или покрај определена машина или пак на клучни места во производството). Со параметрите на конфигурацијата можеме да го приспособиме решението кон различни гранки и видови на производи. Работникот во производството на брз и едноставен начин може да изврши опфат на податоците: преземање на производи, шкарт, застои и потрошено време; сите внесувања се вршат само со допир на копче (без глувче или тастатура). Опфатот на податоците може да се одвива на начин на Тековно внесување на работата, кога работникот ги евидентира почетокот и крајот на операцијата со притискање на копче) или според системот Завршни операции, односно по завршувањето на смената. И двете внесувања може да се извршат за одделен работник или како групно внесување. Сите податоци веднаш по внесувањето се запишани во системот, со што повратните информации од производството се веднаш достапни за обработка и оптимизација на производствениот процес.
Одделни системи споени во еден систем
MES@SmartBit & ERP Pantheon се технички одделни информациски системи, коишто заедно сочинуваат концепт, којшто ги поврзува деловната и производствената околина. Сите податоци се поставени во рамките на логиката на Pantheon, вклучувајќи го прометот на стоки, внесувања на работа, пресметување на работни налози, како и анализа на извршената работа и користење на податоците за извршената работа во пресметката на платите.
Целосен надзор над производството и увид во ефикасноста на производството
MES@SmartBit го поврзува, го следи и го надгледува производствениот процес и обезбедува протоци на податоци во рамките на производствениот процес. Повратните информации може да бидат непосредни (директно од производственото место) или при завршување на операцијата во рамките на една смена, односно на крајот на смената. Добиените податоци обезбедуваат широк спектар на податоци како помош за директно управување со производството, како и подобра оптимизација на производствениот процес. Ефикасноста на работата во секој момент можеме да ја анализираме според одделен работен налог (негов статус, ја следиме количинската реализација, застоите), односно го следиме постигнувањето на нормативите за одделен работник. Со повратните информации и со останатите клучни показатели на производството можеме навреме да реагираме на проблем во производството.
Брза интеграција со ERP Pantheon и воведување
Самата интеграција на решението е едноставна и подготвена преку параметри. Основа за тоа се работните налози и Pantheon нагодувањата на прометите со стоки, каде што го дефинираме процесниот дел. Преку нагодувањата MES@SmartBit ги поврзуваме корисниците со одделните видови производство и го дефинираме начините за опфаќање на податоци (извршена работа, опфат на шкартот според причините за шкарт / преку работата или материјално/, застои според причините за застој). Интеграцијата е едноставна и брза, а самото користење на решението не бара премногу време.
Едноставно поврзување на корисниците на MES@SmartBit

Пристапот на корисникот е определен со ПИН за сите корисници, коишто се внесени во Персоналната мапа на ERP Pantheon. Нив можеме да ги поврземе со одделни алатки (RFDI клучеви, картички). Претходно подготвуваме Групи на производство, коишто ги поврзуваме со видовите производство и работните календари.

Нагодувања според одделен вид производство

За одделни работни задачи дефинираме одделни претпоставки, коишто го определуваат внесувањето на работата и параметрите при внесувањето на работата, внесување на застои и шкарт, преземање на производи (вклучувајќи ја логиката на сериски броеви).

Приспособено внесување преку Touch screen монитор

Системот на внесување на податоци се темели врз користење на програма без тастатура или глувче и се одвива на едноставен начин, приспособен кон корисникот. Преку полето за внесување може да опфатиме податоци врз основа на бар кодот на работниот налог (или комбинација), RDFI картичка или преку прирачна touch screen тастатура. Податоците, поврзани со изборот (работа, отсуство, шкарт, застоја), ги определуваме преку копчиња, така што работникот внесува само нумерички податоци (количини, време).

Тековно внесување на работа

Преку тековно внесување на работата на MES@Smart се врши внесување на извршената работа на начин старт/стоп. Притоа дефинираме различни видови на работа (Break, Resource SetUp, Resurce start/stop), како и различни видови на застои, при што работникот избира меѓу претходно зададени параметри. Преку тековното внесување може да извршиме и преземање на производи и внесување на шкарт.

Евидентирањето се одвива така што работникот со својата ПИН ознака се пријавува на терминалот, а потоа го скенира бар кодот на работниот налог или избира работен налог од листата (функција Терминирање – MNF) и ја означува операцијата, којашто ќе ја извршува. Со допир на копчето Почни, на екранот му се прикажува листа на видовите на работа и застои и тој ја избира акцијата и така почнува да се бележи времето на таа акција. Додека тече времето, работникот може да го бележи преземањето на производите и шкартот според видовите шкарт.

Откако ќе ги опфати сите извршени акции, ја завршува работата така што системот ги собира сите преземени производи и во дополнително поле ја запишува само уште разликата на непреземените производи. Откако ќе го потврди внесувањето, во Pantehon се запишуваат податоци за: извршената работа (време и количина на добри и лоши парчиња), шкарт и застои.

Внесување на работата на крајот на операцијата/смената

Во околини, каде што системот не овозможува тековно внесување на работата, односно тоа не е рационално (организациски или технички барања), е обезбеден начин на опфаќање на податоците според системот на завршена операција во рамките на смената, односно внесување по завршувањето на смената.

Евидентирањето се одвива по завршување на операцијата, така што работникот со својата ПИН ознака се пријавува на терминалот, а потоа го скенира бар кодот на работниот налог или избира работен налог од листата. Ја означува операцијата и ги внесува податоците, коишто ги бара системот од него. Можностите се следните и се работа на конфигурацијата на системот:

Внесување според системот време на операцијата/количина на извршена работа на операцијата; начинот се соодветен кога работното време на работникот може да се определи по операција (помал број на операции на работникот по смена).

Работникот го внесува времето на извршување на операцијата (Tn или Tn+Tpz), бројот на добрите парчиња, шкартот и застоите. Од тие податоци се пресметува ефикасноста на работата на работникот.

Внесување според системот на количина на извршениот дел од операцијата; начинот е соодветен кога времето на работа тешко може да се распредели на повеќе деловни налози или повеќе различни операции во рамките на смената. Работникот го внесува бројот на добри парчиња, шкартот и застоите. На крајот на смената системот според бројот на произведени парчиња и нормативите за сите внесувања во смената проверува колку нормативно време му било потребно на работникот. Тоа го споредува со расположливото време во однос на календарот и пресметката на ефикасноста на работникот во смената.

Групно опфаќање на податоците за работата

Во околини, каде што на работното место истовремено работат повеќе работници, на ниво на смената се подготвува евиденција на работниците, коишто ќе работат на иста машина. Во тој случај бележењето се врши преку внесување на раководителот на групата и времето се бележи за сите работници во рамките на една група. При пресметувањето на ефикасноста, системот ги зема предвид сите работници во групата.

Преземање на производи

И преземањето на производи е конципирано на начин работникот колку што е можно помалку да се занимава со внесувања на податоци. Работникот со својата ПИН ознака се пријавува на терминалот, го скенира бар кодот на работниот налог или избира работни задачи од системот и ја внесува количината на изработените парчиња. Системот при запишувањето на податоците проверува дали идентот е поврзан со сериски број или други параметри, коишто се определени во ERP Pantheon. Според бараната логика системот автоматски генерира сериски број (односно бара внесување) и ја испишува соодветната EAN налепница за производите.

Шкарт

Шкартот може да се опфаќа според системот за евидентирање, поврзано со внесување на работата или како документ во рамките на прометот на стоките (преземање на залиха), што го определуваме со параметри. Видовите на шкарт се однапред дефинирани со копчиња, поврзани со одделен вид производство. Работникот го врши евидентирањето на шкартот само со допирање на копчето за соодветен вид шкарт.

Внесувањето на шкартот е овозможен преку количината на производи, односно со внесување во друга единица мера со конверзија во количина. Пример: внесување на тежината на шкартот на производот.

Застои

Застоите се евидентираат на Работниот налог и/или операција и ресурс. Видовите на застои се однапред дефинирани според одделен вид производство. Тоа му овозможува на работникот при внесувањето на застојот да избира само меѓу опциите на можни застои за определен вид производство.

Следниот чекор при опфаќањето на застојот е анализата, каде што определуваме дали застојот е оправдан или пак не.

Преглед и уредување на внесените податоци

MES@SmartBit овозможува преглед на внесените податоци (преземања, извршена работа); модулот е составен дел од апликацијата, што значи дека токму така функционира на терминалот во производството. Зависно од правата на корисникот, преку терминалот може да се изврши и сторно на документот. Овозможено е и од тој екран повторно да се испише EAN налепница за производот.

MES@SmartBit
450,00/ Корисник
  • Смените
  • Застој
  • Скарт
  • Преглед MES
  • Лиценца MNF@SmartBit (Поставки)
Месечно одржување: 11,25 € / Корисник / месец
Повеќе информации
  • Почетната цена на MES@ лиценцата е купување од 450 €/корисник, а потоа месечно одржување од 11,25 €/месечно.
  • Решението е поврзано само со ERP Pantheon © на компанијата Datalab d.d.. За управување со решенијата MES@ потребно е да имате лиценца Pantheon MF и соодветен број лиценци на Konektor за истовремени корисници.
  • Набавната цена се однесува за купување лиценца. Лиценцата претставува еден истовремен корисник на лиценцата. Ова значи дека можете да имате повеќе инсталации во вашата компанија, но само на соодветен број на истовремени корисници им е дозволено да го користат.
  • Месечната претплата опфаќа координација на верзиите со промени и развој на Pantheon, поддршка за надградби и нови верзии на решението MNF@SmartBit. Претплатата се пресметува на крајот на месецот за претходниот месец.
Пријавете се за 30-минутна бесплатна консултација

    Производни решенија

    Продажни решенија

    Анализа и планирање

    Други решенија

    Vi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

    Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.

    Побарувачка

    Пополнете го формуларот и ние ќе ви испратиме понуда.

      Dovoljujem, da me obveščate o ponudbah gledeVi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

      Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.

      Претплатете се на е-вести

      Пријавете се за е-вести и останете во контакт.

        Vi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

        Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.