WMS@SmartBit
WMS@SmartBit е решение, коешто функционира на рачни терминали и коешто е во целост интегрирано со ERP Pantheon. Техничкото решение поддржува Windows и Android терминали и системот функционира во on-line и off-line системот. Со тоа се зголемува применливоста на решението и во околини, каде што Wfi не е секогаш 100%. Манипулациите со стоките се управуваат и обезбедуваат точно следење на ниво на прием од добавувачот, од производство, испорака до купувачот, издавање во производство и преноси меѓу складови и/или локации. Идентификацијата се врши на ниво на шаржата и други параметри, поврзани со складирањето (рок на употреба, други карактеристики на стоките). Со тоа се намалуваат грешките при испораките, стоките во складот може да се следат, оптимизацијата на просторот и прегледноста, како и ефикасноста се поголеми. Постапките поврзани со работните операции во складот се скратуваат.
WMS@SmartBit интегриран со ERP Pantheon
WMS@SmartBit е решение, интегрирано во рамките на ERP Pantheon и работи директно над базата Pantheon. Со тоа избегнуваме пренос од Pantheon во WMS околината и обратно. Залихата во секој случај е идентична. Сите нагодувања се вршат преку доработки во Pantheon (складови, локации, деловни настани, …). Исто така, WMS@SmartBit во целост користи Pantheon авторизација за пристапување до операциите, како и до идентите како партнери. На ниво на идентот, системот овозможува конверзија меѓу парчиња, картонски кутии и палети (може и layer). Со тоа овозможуваме количините за работа во складот да ги претвори во палети, картонски кутии и остатокот во парчиња, што ја олеснува работата на складот.
Оптимизација на работата и на просторот во складот и надзор над стоките
WMS@SmartBit им овозможува на магационерите да подготват оптимален пат за издавање и локација, како и пат за преземање. Системот има вграден линк меѓу одделен артикл на стоки и локацијата. Притоа локацијата може да биде означена со типот на амбалажа на стоките на локацијата (полна палета; скршени палети; повеќе палети на локацијата; повеќе различни стоки на локацијата). Со тоа системот обезбедува следење на локациите според зафатеноста и основа за отпимизација на просторот на складот. Како основа за надзор над стоките системот ја користи логиката на Pantheon и функцијата на сериските броеви. Врз основа на тоа е овозможено класично рачно издавање, издавање според ФИФО начинот и издавање зависно од рокот на употреба. Освен тоа, системот користи и SSCC кодови, коишто се основа за поместување на палетите како целина, како и за следење на стоките, натоварени во палета.
Поддршка на работењето во производствени околини
Во палетата решенија @SmartBit за производството (MES, MNF), се вградени процеси, коишто им ја олеснуваат работата на магационерите во процесите на преземање и издавање на материјал во производството. При преземањето од производството, системот може да изврши директно преземање на локацијата на WMS складот. Магационерот само преку терминалот проверува дали се совпаѓаат преземените производи и количини. Во процесот на издавање на решенија тој подготвува барања за пренос, коишто се пренесуваат на терминалот и овозможуваат полесно и побрзо издавање при работата во складот.
Шифрарниците на WMS се составен дел на Pantheon

Податоците, потребни за следење на залихите според локациите и пакувањето, се составен дел од Pantheon. Заради тоа се додадени шифрарници на локациите (коишто може да бидат поврзани со складот или локацијата да се поврзе при преземањето). Исто така, имаме параметри, поврзани со амбалажата, спецификациите, постапки при преземање и претходно зададени локации (се користи пред сè при преземања според ДН) поврзани со идент во рамките на Pantheon.

Залихата според локациите исто така се гледа преку шифрарникот на иденти. Залихата е поврзана со складот и локацијата и по потреба таа е поделена на сериски броеви.

Логистика и организација на работата во складот

Основа за логистиката се следните деловни настани:/p>

  • - Документ на нарачка на купувачите за издавање на купувачи, за пренос, како и за потрошувачката во производството. Деловните настани во Pantheon се соодветно означени и системот знае каде се применува определена настан.

    Во процесот на издавање го вклучуваме системот за издавање на стоки според системот:

    • o Комисионирање на стоки според документ; за секој документ подготвуваме свој документ за испорака.
    • o Комисионирање на стоки според идент; системот за повеќе документи според идентите ја подготвува вкупната количина, којашто потоа на комисионираната локација соодветно ја распределуваме според документите.

    Во процесот на издавање е вклучена можноста ФиФо за издавање на стоки (потребно е водење според сериски броеви или според рокот на употреба на производот).

    За комисионираните патишта системот користи две логики:

    • o Логика на оптимален логистички пат; врз основа на ознаките на редоследот на локациите врз основа на оддалеченоста на локациите.
    • o Логика според системот на видови на локации; полни палети стоки од локации на полни палети; картонски кутии и парчиња од локации означени како отворени палети.
  • - Документ за нарачка на добавувачите, којшто е основа за преземање во складот. При преземање од добавувачот, системот овозможува испишување на потребните етикети и брзо преземање на локацијата за преземање. Кога ќе ги преземеме стоките на локацијата за преземање, преку суредувањето едноставно ги пренесуваме на нивното место во складот. Со тоа имаме контрола и меѓу нарачаната и преземената количина (остаток на локацијата за преземање).
Треминал – едноставно извршување на операциите

Преку Smartbit доработката соодветно ги уредуваме авторизациите за операциите, коишто корисникот може да ги извршува на терминалот. На терминалот ги извршуваме следните операции:

  • Издавање според нарачка и издавање според идент (не е поврзано со документот на нарачката)
  • Преземање според нарачка и преземање според идент (не е поврзано со документот на нарачката)
  • Суредување – поместување во рамките на WMS складот меѓу локации
  • Пренос во /од WMS складот и преноси меѓу складови
  • Пренос во /од WMS складот и преноси меѓу складови според нарачка
  • Пренос во производство – системот покажува иденти според локациите, подредено според различните методи за издавање (ФИФо; контрола на рокот на употреба; контрола на рок на одлежани стоки)
  • Инвентура
Back Office – надзор над работата

Back office е алатка, којашто ја поврзува трансакцијата во терминалот со позицијата на документот на Pantheon. Пред записот се врши уште и соодветна контрола на залихата, сериските броеви и локациите. Тоа е потребно особено ако системот на терминалите работи во начинот Off-Line. Тоа значи дека во терминалот се врши трансакција, чијашто адекватност подоцна се проверува во Pantheonu.

Во системот на работење на терминалот on-line, контролите ги врши директно терминалот над базите на податоци и во тој случај нема разлики, но од корисникот на терминалот бара соодветна корекција во складот (на пример, погрешно скенирани локации).

Во рамките на Back Office, за незапишани трансакции, системот дозволува да се извршат соодветни корекции и да се обезбеди соодветен запис во Pantheon.

Овозможен пристап до терминалот на далечина

При работата на терминалот е важна соодветна и брза поддршка. Неа ја обезбедуваме преку дополнително решение, коешто го вклучивме во WMS@SmartBit и коешто овозможува да се пријавиме на вашиот терминал и соодветно да ве водиме во случај на проблеми.

WMSRemote@SmartBit
300,00
  • Директен пристап до терминалот
  • Со купувањето, добивате пристап до сите терминали
WMS@SmartBit
950,00/ корисник
  • Преземете
  • Издавање
  • Чистење локацијата
  • Трансфери меѓу магацин
  • Издавање по работен налог
  • Инвентар
  • Преглед на акции
  • Off line / On-line режим на работа
Месечно одржување: 23,75 € /корисник / месец
Повеќе информации
  • Решението е поврзано само со ERP Pantheon © од компанијата Datalab d.d.. За ракување со WMS решенијата, потребно е да имате SE, ME или MNF лиценца на Pantheon и соодветен број лиценци на Konektor за истовремени корисници.
  • Набавната цена се однесува за купување лиценца. Ви требаат лиценци колку што имате терминали.
  • Месечната претплата опфаќа координација на верзијата со промени и развој на Pantheon, поддршка за надградби и нови верзии на решението WMS@SmartBit. Претплатата се пресметува на крајот на месецот за претходниот месец. Системот го проверува бројот на корисници и ги пресметува според бројот на вистински корисници. Претплатата се подмирува до 20-ти во месецот за претходниот месец.
Пријавете се за 30-минутна бесплатна консултација

    Производни решенија

    Продажни решенија

    Анализа и планирање

    Други решенија

    Vi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

    Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.

    Побарувачка

    Пополнете го формуларот и ние ќе ви испратиме понуда.

      Dovoljujem, da me obveščate o ponudbah gledeVi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

      Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.

      Претплатете се на е-вести

      Пријавете се за е-вести и останете во контакт.

        Vi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

        Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.