SmartBit тим

Помагаме да се упрости работата и ја зголемуваме ефикасноста во работењето.

Тимот на SmartBit го сочинуваат експерти од производството, продажбата и сметководството, како и развојно-програмерскиот тим. Ги покриваме областите на деловни, мобилни и интернет решенија и деловна аналитика. Заедно со тимот бараме нови предизвици и развиваме апликации, коишто им овозможуваат на претпријатијата подобра организација и ефикасност во областа на продажбата, производството и аналитиката при користењето на Pantheon програмата.

Се фокусираме на екстензии за поддршка на поефикасното работење на претпријатието (организираност на продажбата, производството, логистика на претпријатието; продажни процеси; планирање и раководење со производството). Поради големото искуство во областа на Pantheon, ги познаваме барањата на клиентите и нивните предизвици, затоа нашата визија е да обезбедиме оптимално решение за да им овозможиме на клиентите остварување на нивните потенцијали.

СмартБит д.о.о.

Ние сме развоен партнер на Даталаб а.д. и изработуваме доработки за информациската програма Pantheon. Присутни сме во трговските и производствените претпријатија низ Словенија, во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Успешно воведовме наши доработки како што се CRM, WMS, MNF, MES, ANL, PLN и други екстензии за поддршка на поефикасното работење на претпријатието. Нашата визија е дека продуктите немаат граници и дека треба им помогнеме на колку што е можно поголем број претпријатија, коишто ја користат информациската програма Pantheon,  да ја упростат работата и да ја зголемат ефикасноста во работењето.

Запознајте не
Претплатете се на е-вести

Пријавете се за е-вести и останете во контакт.

    Vi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

    Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.