Општо за доработките

Изработивме неколку помали решенија (Арес постапки), коишто сите се поврзани со ERP Pantheon. Станува збор за помали доработки и приспособувања, коишто едноставно можеме да ги инсталираме на вашата база, а коишто за корисникот значат додадена вредност, во смисла на забрзување на работата, односно овозможуваат преглед на податоците на начин којшто за корисникот и посоодветен и побрз.

Продажба

Доработката е наменета за преглед на податоци за залихата според одделен артикл: моментална залиха, минимална залиха, нарачана количина кај добавувачите, примена количина од купувачите, количина во производството, слободна залиха, набавна вредност во примарната валута и во ЕУР.

Контрола на продажните ценовници

Таа на продажната служба, раководителите на продажбата, односно на одделните оддели им овозможува контрола на продажните ценовници, така што според одделна класификација, односно други филтри, добиваме увид во продажните цени во споредба со набавната цена. Основа за споредбата може да биде класичен продажен ценовник (продажна Калкулација) и договорен ценовник според купувач или според тип на субјект.

Фактурирање и контрола на испораката

Модулот е наменет за преглед на нефактурирани испратници и побрза изработка на фактури. Во ERP Pantheon фактурите инаку ги креираме преку функцијата на додавање, а тоа со оваа доработка е забрзано, бидејќи испратниците во однос на поставените филтри се прикажуваат во една табела, од којшто потоа имаме можност да подготвуваме фактури. Според тоа, станува збор за обратна логика во споредба со Додавањето, што за корисникот, којшто издава голем број фактури, е попрегледно.

Преглед на издавањето на документот

Ares е постапка, интегрирана со Pantheon табелите Нарачки на купувачите и документите Изавање (испратници, фактури). Се гледа како табела на формата на документот, којашто ја користиме за внесување на примените нарачки на купувачите и/или документите испратница, односно фактура. Во табелата на ниво на одделна позиција на документот може да се видат следните податоци:

  • кои документи сме му ги издале на купувачот за артиклот, на чијашто позиција во документот се наоѓаме
  • датум на издавање на документот
  • цена на документот

Со тоа продажните референти добиваат дополнителни информации врз основа на формата на прозорец на екранот и не се потребни дополнителни кликови на копчиња, односно менија. 

При инсталирањето ќе ви ги претставиме нагодувањата, коишто во таа фаза ќе ги определиме заедно, а потоа самите ќе ги одржувате и менувате.

Обоени позиции 

Тоа е доработка, којашто ви помага при внесувањето, односно прегледот на примените нарачки. Работи поврзано со ERP Pantehon преку параметри, со коишто ќе определите на кои документи и за кои видови на материјални средства сакате позициите да бидат означени со боја. Притоа имате можност:

  • да ја определите бојата на текстот на позицијата за продажната цена (на пр. ако купувачот има договорен ценовник, текстот се обојува со зелена боја, ако за купувачот важи цена од калкулацијата на идентот, текстот се обојува со сина боја).
  • да ја определите бојата на целата позиција во однос на постигнатата разлика во цената (РВЦ). Имено, програмата ја споредува набавната цена (поле во параметрите, коешто може да се нагодува) и продажната цена на документот и ја пресметува маржата. Таа маржа ја запишува во вредност и процент во дополнителните колони на одделна позиција и зависно од определениот распон на маржата ја обојува целата позиција (на пр. маржа меѓу 20 и 35%, позицијата се обојува со жолта боја).

Производство

Контрола на спецификации и калкулација на цени

Модулот преку параметрите ни ја прикажува листата на производи (од шифрарникот на основните спецификации) во форма на табела со следните податоци:

  • калкулативна вредност на производот
  • за секој производ ја прикажува листата на материјал од основната спецификација и неговата вредност 
  • за секој производ ја прикажува листата на услуги, односно операции од основната спецификација и вредноста на операциите.

Притоа кај приказот на цената на материјалот имаме повеќе можности во однос на тоа која цена треба да се земе предвид. 

Се користи како контролен преглед на спецификациите на производите и нивните калкулативни цени. По прегледот на податоците, цената, којашто ја нарекуваме контролна цена на производот, се запишува во шифрарникот на идентите, во јазичето Калкулација. При преносот на контролната цена имаме можност да избереме запис на цената само со материјал, односно операција.

Претплатете се на е-вести

Пријавете се за е-вести и останете во контакт.

    Vi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

    Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.