Dober poslovni rezultat s CRM@SmartBit

Со CRM@Smarbit ЗАШТЕДЕТЕ ВРЕМЕ ПРИ ВНЕСУВАЊАТА И ПОНУДИТЕ

Предноста на CRM@SmartBit се состои пред сè во брзото воведување и синхронизација меѓу ERP Pantheon и CRM. CRM@SmartBit автоматски овозможува податоците од Pantheon да се пренесат во CRM и податоците од CRM да се пренесат во Pantheon. На тој начин сите оперативни изведувачи ги гледаат освежените податоци каде било и во секое време, бидејќи само на тој начин не доаѓа до несовпаѓање.

CRM ЈА ДОПОЛНУВА ДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРОДАЖБА

Колку повеќе информации имате за претпријатието, толку поуспешно можете да комуницирате со него. Во CRM@SmartBit можете да ја запишете целата интеракција со клиентот (содржина на повици, историја на разговорите, лица со коишто сте разговарале, планирани состаноци, нарачки договорни ценовници), што ви помага својата  стратегија за продажба да ја дополните и да ја подобрите.

Календар во CRM@SmartBit

CRM ЈА ПОДОБРУВА УСПЕШНОСТА И КОМУНИКАЦИЈАТА МЕЃУ ОДДЕЛИТЕ ВО ПРЕТРПРИЈАТИЕТО

Поради автоматизираните процеси тој им овозможува на сите во претпријатието (ако лицето за тоа има и права во  ERP Pantheon) преглед над повиците, мејловите, разговорите, календарот и понудите до одделните клиенти. На тој начин вработените во продажба и маркетинг може да пристапуваат до сите информации, коишто се важни за успешна продажба – од продажната инка до завршувањето на продажбата, односно неуспешна продажба. Тимовите може да соработуваат уште подобро, бидејќи размената на податоците е сигурна и брза.

Pregled nad prodajo - Prodajni lijak v CRM@SmartBit
Продажна инка во CRM@SmartBit

CRM ОВОЗМОЖУВА КРЕИРАЊЕ НА ПАТНИ И СЕРВИСНИ НАЛОЗИ

Подготовката и внесувањето на податоци во патниот, односно сервисниот налог, вообичаено одзема многу време. Поради тоа во CRM@SmartBit  додадовме опција за креирање на патен и сервисен налог, многу брзо и едноставно. Треба да имаме само интернет врска и преку позициите да го дефинираме патувањето и да ги евидентираме трошоците, настанати при патувањето (паркинг, патарина и т.н.), односно да го опфатиме потрошениот материјал при вршењето на сервисната услуга.

Primer kreiranja servisnega naloga v CRM@SmartBit
Пример на креирање на сервисен налог CRM@SmartBit

CRM ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОЛЕСНО РЕШАВАЊЕ НА БАРАЊАТА НА КЛИЕНТИТЕ

За успешно решавање на барањата на клиентите претпријатијата мора да ги следат барањата и соодветно да ги планираат и опфаќаат спроведените активности. Во CRM@SmartBit ја искористивме логиката на модулот во рамките на Pantheon и ги овозможивме сите чекори за планирање на изведувањето и изведувачите како и на потрошувачката на време и материјал.

Решавање на барања (HELPDESK) во CRM@SmartBit

Проверете како CRM@SmartBit може да помогне за изработка на успешна стратегија за продажба и да ви помогне за подобрување на внатрешните процеси на претпријатието. Тестирајте ја бесплатната демо верзија на CRM или искористете попуст од 50% на избраниот CRM@SmartBit до 30 септември. За повеќе информации за понудата пополнете го контактниот образец или пишете ни на мејлот на sales@app-smartbit.com.

Назад на вестите
Претплатете се на е-вести

Пријавете се за е-вести и останете во контакт.

    Vi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

    Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.