Со користењето на Продажната табела референтите веќе не ја прегледуваат секоја одделна нарачка преку прозорецот на екранот, наречен Нарачки (односно нема потреба од контролни исписи на неиспорачани нарачки), а исто така документите не се креираат со додавање од нарачката на документите. Сите тие податоци и функции ги обезбедува Продажната табела, бидејќи на едно место обезбедува увид во информациите за отворените нарачки и други податоци, коишто ѝ се потребни на продажната служба при комуникацијата со купувачот. Исто така, овозможува и креирање на документи за купувачот (испратница, односно испратница-фактура, односно/или интерни документи (налог за пренос, налог до складот за комисионирање...).
Зависно од нагодувањата и вклучените филтри, во табелата се прикажуваат податоците за необјавени нарачки, каде што добиваме информација за секоја нарачка и нивните позиции:
- нарачана количина, рок за испорака од нарачката, позиција и информација за евентуална делумна испорака на количината
- информација за залихата во примарниот склад (според сериски броеви и рокот на употреба) и залиха во останатите складови
- информација за останатите нарачани количини за ист артикл на останатите купувачи според рокот на испорака
- информација за нарачките на добавувачите според количините и рокот на испорака
- информација за работните налози, количината и превидениот датум на производство
Со користење на филтри одделен корисник може нив да ги определува по желба, со што може да се приспособат изгледот и содржината на прикажаните податоци на SmartBit@ Продажната табела. На тој начин одделниот корисник ги види само оние документи и податоци, коишто се неопходни при неговата работа.
Зависно од начинот на работа во претпријатието, продажните референти со помош на Продажната табела ги нуди следните можности:
- доколку за испорака на нарачката нема доволна залиха во примарниот склад, тие може да изработат преносница, односно интерен налог за пренос (врз основа на којшто се врши пренос меѓу складовите – на пр. пренос на артикли од дислоцирана единица во централниот склад, каде што испораката ќе се врши од централниот склад)
- да изработат т.н. налог до складот за испорака на стоките, врз основа на којшто складот ќе ги подготви стоките
- да изработат испратница, односно испратница-фактура, при што ќе ги внесат количините и ќе изберат кои сериски броеви ќе им ги испорачаат на купувачите. Притоа постои и можност испораката да се изврши од повеќе складови, каде што се изработуваат два документа (еден склад – еден документ).
Податоците според позициите се внесуваат едноставно со внесување на количината и доколку артиклот се води според сериски број (и рок на употреба) го избираме уште и него. На тој начин ги подготвуваме, односно резервираме количините, а потоа со еден клик истовремено креирам документи (испратници, испратница-фактура, интерна нарачка...).
Преземете демо верзијата
Пополнете го формуларот и ние ќе ви испратиме понуда.