За успех на претпријатието се потребни повеќе фактори и еден од нив е контролирањето на залихите во складовите. Претпријатијата може да имаат проблеми со преголеми залихи (на материјал, производи и стоки), бидејќи тие треба да се финансираат. Од друга страна, претпријатието со премногу мала залиха не може навреме да обезбеди стоки за своите купувачи, односно материјал за производството. Со соодветно програмско решение претпријатието може ефикасно да се избегне проблеми при контролирањето на залихите и на тој начин позитивно да влијае на својата ликвидност и успешност.
Важност на комуникацијата меѓу продажбата, набавката и производството
Претпријатијата на оперативно ниво трошат многу време на прибирање и обработка на податоци и меѓусебно комуницирање во текот на продажбата, набавката и производството. Во ERP Pantheon сите податоци (како што се состојбата на залихите на материја, полупроизводи и стоки, потребите на производството од материјали и полупроизводи, потребите на купувачите според стоките и купувачот) се зачувани во одделни табели, а вработените можат да ги добијат податоците со клик на определени изводи.
MNF@SmartBit е апликација, директно поврзана со ERP Pantehon во форма на табели, коишто црпат податоци од различни области и ги прикажуваат според одделните модули, со цел полесна прегледност и организација. Бидејќи претпријатието добива нарачки и состојбата во складот се менува, важно е сите оперативни изведувачи да ги видат освежените податоци во иста табела секаде и во секое време, бидејќи само така може да дојде со неусогласеност. Претпријатијата, коишто го користат MNF@SmartBit, како предност го наведуваат токму едноставниот увид во секогаш актуелните податоци, што овозможува брзо реагирање на промените, а со тоа и брз обрт на залихите.
Претпријатијата, коишто го имплементираа MNF@SmartBit, нè известуваат дека поефикасно ги контролираат залихите и дека подобро соработуваат меѓу продажбата – набавката – производството..
Воведување на MNF@SmartBit
Обезбедувањето на проток на податоците меѓу одделните служби е дел од успешноста на претпријатието, а особено се важни податоците за продажбата (план за продажба, најави и нарачки на купувачите).
Во апликацијата MNF@SmartBit оперативниот план за продажба го следиме на ниво на артиклот на залиха и преку историјата на продажбата, од што добиваме информација за самиот тренд на продажбата. На тој начин ја споредуваме продажбата со планот и ги контролираме најавите и нарачките на купувачите однапред и со тоа добиваме информации за покриеност на нарачките со залихи. Истовремено ги контролираме и нарачките кон добавувачите и лансирањето на барањата за сопственото производство.
Забележавме дека претпријатијата по имплементацијата на решението MNF@SmartBit нè информираа дека поефикасно ги контролираат залихите и дека одделните служби за продажба, набавка и производство подобро соработуваат меѓу себе. Потребите од стоки и производи биле поточно и навремено достапни, а со тоа обезбедиле контролирање на процесот согласно со потребите на продажбата.
Ако ве интересира како можете MNF@SmartBit да го имплементирате во вашето претпријатие, можете да нè контактирате на sales@smartbit.si или да го пополните нашиот контактен образец, за да може да поразговараме за вашите желби и за поефикасното контролирање на залихите.