Владее општо убедување дека CRM е корисен само за големи претпријатија. Честопати поради тоа помалите претпријатија не размислуваат за интеграција на алатката CRM, затоа што претпријатието е мало. Но, всушност и големите и помалите претпријатија се соочуваат со слични проблеми. Нашиот CRM@SmartBit е конципиран така што ги решава проблемите на помалите претпријатија, како што се:

  • ограничена расположливост на персонал за продажба,
  • полоша информатичка поддршка, којашто ги анализира податоците,

и проблеми на големите претпријатија, како што се:

  • проблемот на надзор над продажниот тим,
  • обработка и сегментирање на податоците за продажбата (бидејќи количината на податоците е поголема).

Ако сè уште сметате дека вашето претпријатие е премногу мало за интеграција на CRM, прочитајте ги нашите причини за подобрување на работењето на претпријатието со користење на CRM@SmartBit.

СИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА САКААТ УСПЕШНО И БРЗО ДА ЈА СКЛУЧАТ ПРОДАЖБАТА

Колку е силен вашиот тим при склучување на продажба? Дали секогаш се јавувате и проверувате кај потенцијалниот клиент дали можноста не е изгубена?

Сите претпријатија сакаат да ја зголемат продажбата и побрзо да ја склучат, што особено за малите претпријатија не смее да биде загатка. Претпријатијата, коишто го користат CRM@SmartBit, поради полесното запишување на настаните и степените (прв повик – побарување – профактура – продажба), имаат подобар преглед над самата продажба, којашто полесно ја склучуваат. На тој начин продавачите подобро ги следат претпријатијата и разговорите  и тие се флексибилни за потенцијално успешно склучена продажба.

СИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА САКААТ ДА ИМААТ УВИД ВО ПОДАТОЦИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ

Секој продавач мора да го познава купувачот, неговите желби, што, кога и зошто сака да купи. Податоците како што се податоците за клиентите, датумите и нарачките тој мора секогаш да ги има при рака.

Веднаш по интеграцијата, CRM@SmartBit станува простор за прибирање, сегментирање и управување со нови lead-ови. Претпријатието полесно врши преглед на успешноста на продажбата  и добиените податоци ги користи за подобрување на маркетиншката стратегија и на процесот на продажбата. Притоа вработените не губат време барајќи податоци и го бараат контекстот од претходните разговори, бидејќи сите податоци ги имаат во CRM. Предноста на CRM системот се состои и во тоа што тој ви обезбедува да не изгубите ниеден нов lead, односно нова потенцијална можност за продажба.

СИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА САКААТ УСПЕШНО ДА ИМ ПОНУДАТ НОВИ УСЛУГИ И ПРОДУКТИ НА СВОИТЕ КУПУВАЧИ

Дали имате преглед врз новите продажни можности, коишто можете да им ги понудите на постојните купувачи?

Сите претпријатија имаат потреба од брзо подготвување на листи од постојните продажби и можностите, коишто овозможуваат сегментирање на купувачите според географските области, класификацијата на артиклите и другите карактеристики. Добиените листи се основа за спроведување на е-маркетинг за да може новите производи и услуги брзо да им ги понудите на потенцијалните клиенти.

Со е-маркетингот малите претпријатија можат:

1.           Самостојно да подготват листи и таргетирано да ги пратат најнапред до најсоодветните

               клиенти.

2.           Да праќаат персонализирани мејлови на повеќе луѓе истовремено.

3.           Да ги зачуваат основните на мејлот и да ги надградуваат.

4.           Преку аналитиката да го проверат успехот на мејловите.

Без оглед на тоа дали вашиот тим се состои од дваесет или од три лица, CRM системот може да ја подобри вашата продажба и вашата работа на повеќе начини.

Колку е важен системот CRM за вашето претпријатие може да утврдите дури откако ќе го интегрирате во вашето претпријатие. Ако сакате да проверите дали CRM@SmartBit би бил соодветна надградба за вашето претпријатие, пишете ни за демо верзија на CRM или искористете ја понудата за CRM@SmartBit систем со намаление од 50%.

Услов за интеграција на ERP системот PANTHEON.

Nazaj na novice
Prijava na e-novice

Prijavi se na e-novice in ostani v stiku.

    Dovoljujem, da me obveščate o ponudbah glede SmartBit rešitev.

    S klikom na gumb “Pošlji” dovoljujem, da SmartBit d.o.o. moje osebne podatke do preklica hranita in obdelujeta za namene, podrobno opisane tukaj, ki vključujejo spremljanje mojih aktivnosti na spletni strani ter mojih zanimanj z namenom oblikovanja personaliziranih vsebin in ponudb.