CRM SmartBit

Кон продажната стратегија има многубројни пристапи и тие најмногу зависат од продавачите. Вообичаено продавачите се потпираат на начинот на комуникација, пристапот и изгледот, а честопати ја запоставуваат самата продажна стратегија, којашто би можела да им обезбеди поуспешна продажба.

При подготовката на стратегијата, треба да се дефинира како купувачот со нашиот производ ќе го подобри секојдневието.

Кога ќе се подготви основната листа на предности за купувачот, важно е таа да се дополнува и преку разговори со клиентите. Уште подобро е тие податоци за де запишат во CRM@SmartBit решението и на тој начин се обезбедуваат сите информации на едно место.

Кога продавачот ќе ги определи главните предности на услугата или производот, којшто го продава, треба да се определи целната група на клиенти. Мора да се прашате, кои се претпријатијата и лицата, коишто би биле потенцијални клиенти и со кое лице во претпријатието би било најдобро да се договорите за состанок. Со помош на  CRM@SmartBit полесно можете да ги запознаете постојните клиенти и имате предност пред конкуренцијата, бидејќи можете да добиете податоци за тоа кој е купувачот, што и кога купил и на кој начин комуницирал.

Податоци за контакт во CRM@SmartBit

Во стратегијата за продажба е важно да се дефинираат пристапите во продажбата. При нивниот избор со системот CRM@Smartbit имате отворени рокови. Можете да ги определите преку документите во нарачките и во форма на статуси, коишто претставуваат чекори во процесот на продажбата. Со означените чекори на продажбата полесно го следите процесот и со тоа полесно продолжувате, бидејќи во todo-ата сте запишале обновување на разговор и клучните точки за следниот пат. На тој начин имате поголема самодоверба при продажбата, бидејќи ги познавате желбите на клиентите и барате решенија.

Преку TODO-ата полесно ги следите и другите продавачи, бидејќи ознаките ви кажуваат на кој степен се наоѓа продажбата (на почеток, кај понуда, кај аванс и т.н.). Со систематска анализа на продадените и изгубените можности можете да ја дополнувате својата продажна стратегија, бидејќи CRM@SmartBit нуди преглед на сите активности на продавачот.

Откако процесот на продажбата ќе заврши (позитивно или негативно), важно е продажната стратегија да ја дополниме со информација за конкурентската предност или недостатокот, којшто го добил купувачот. Таа информација е важна како за подготвување на нови продажни стратегии, како и за подобрување на внатрешните процеси во претпријатието (подобрување на услугите, производите или продажната програма).

Проверете како CRM@SmartBit може да помогне за изработка на успешна продажна стратегија и да ви помогне за подобрување на внатрешните процеси на претпријатието. Тестирајте ја бесплатната демо верзија на CRM или искористете попуст од 50% на избраниот CRM@SmartBit CRM@SmartBit до 30 септември. За повеќе информации за понудата пополнете го контактниот образе или пишете ни мејл на sales@app-smartbit.com.

Назад на вестите
Претплатете се на е-вести

Пријавете се за е-вести и останете во контакт.

    Vi dozvoluvam da me informirate za ponudite vo vrska so rešenijata na SmartBit.

    Со кликнување на копчето „Испрати“, дозволувам SmartBit d.o.o. додека не се откажат, тие ги складираат и обработуваат моите лични податоци за целите опишани овде детално, кои вклучуваат следење на моите активности на веб-локацијата и моите интереси со цел создавање персонализирана содржина и понуди.