Продажна табела@SmartBit
Продажната табела (Sales table@SmartBit) е решение, наменето за продажната служба. Функционира како составен дел од ERP Pantheon. Таа претставува многу ефикасна алатка за продажните референти, бидејќи на еден прозорец на екранот овозможува увид во отворените (неиспорачани) нарачки, нивна контрола и сите потребни информации за испорака на стоките на купувачот. Во модулот Продажна табела на прозорец на екранот се наоѓаат сите неиспорачани нарачки и нивните позиции со предвидените рокови за испорака. Истовремено за секоја позиција на нарачката ја гледате моменталната залиха во складот (според серискиот број и со рок на употреба), залихата во останатите складови, количината на нарачаниот артикл од други купувачи, веќе нарачана кај добавувачот, количината во работниот налог... Тие податоци се гледаат детално, исто така заедно со рокови за испорака, односно датум на завршување според работниот налог. На тој начин, референтот во продажбата на еден екран ги има на располагање сите податоци за да може успешно да комуницира со купувачите во врска со испораката. Едноставно може да креира испратница, односно налог до складот за испорака на стоките. Притоа се обезбедени сите врски и повратни податоци испратница-нарачка на купувачот (поврзувачки документи, податок за испорачана количина). Инсталирањето на решението е едноставно и определено со параметри, коишто ќе ви ги претставиме и во фазата на инсталирање заедно ќе ги определиме. Подоцна ќе можете нагодувањата да ги одржувате самите.
Врска со WMS или директна работа со документи
Продажната табела може да ја нагодиме за да комуницира со WMS системот, што значи дека преку продажната табела се подготвуваат барања за испорака, односно барања за преноси меѓу складовите (налог за испорака, налог за пренос). Продажната табела може да функционира и според системот на директно креирање на материјални документи (испратница, испратница-фактура, преносница).
Едноставно определување на превозник
Како дополнителна функција е обезбедено прибирање на податоци за превозникот, односно можност за секоја нарачка да определиме превозник. На тој начин добиваме податок за нето и бруто вредноста на стоките, како и податоци за тежината и волуменот на стоките за испорака. Изведувачите во складот на тој начин комисионираат, односно ги подготвуваат стоките врз основа на таа информација.
Предности на продажната табела

Со користењето на Продажната табела референтите веќе не ја прегледуваат секоја одделна нарачка преку прозорецот на екранот, наречен Нарачки (односно нема потреба од контролни исписи на неиспорачани нарачки), а исто така документите не се креираат со додавање од нарачката на документите. Сите тие податоци и функции ги обезбедува Продажната табела, бидејќи на едно место обезбедува увид во информациите за отворените нарачки и други податоци, коишто ѝ се потребни на продажната служба при комуникацијата со купувачот. Исто така, овозможува и креирање на документи за купувачот (испратница, односно испратница-фактура, односно/или интерни документи (налог за пренос, налог до складот за комисионирање...).

Преглед на отворени нарачки

Зависно од нагодувањата и вклучените филтри, во табелата се прикажуваат податоците за необјавени нарачки, каде што добиваме информација за секоја нарачка и нивните позиции:

  • нарачана количина, рок за испорака од нарачката, позиција и информација за евентуална делумна испорака на количината
  • информација за залихата во примарниот склад (според сериски броеви и рокот на употреба) и залиха во останатите складови
  • информација за останатите нарачани количини за ист артикл на останатите купувачи според рокот на испорака
  • информација за нарачките на добавувачите според количините и рокот на испорака
  • информација за работните налози, количината и превидениот датум на производство

Со користење на филтри одделен корисник може нив да ги определува по желба, со што може да се приспособат изгледот и содржината на прикажаните податоци на SmartBit@ Продажната табела. На тој начин одделниот корисник ги види само оние документи и податоци, коишто се неопходни при неговата работа.

Испорака на стоки

Зависно од начинот на работа во претпријатието, продажните референти со помош на Продажната табела ги нуди следните можности:

  • доколку за испорака на нарачката нема доволна залиха во примарниот склад, тие може да изработат преносница, односно интерен налог за пренос (врз основа на којшто се врши пренос меѓу складовите – на пр. пренос на артикли од дислоцирана единица во централниот склад, каде што испораката ќе се врши од централниот склад)
  • да изработат т.н. налог до складот за испорака на стоките, врз основа на којшто складот ќе ги подготви стоките
  • да изработат испратница, односно испратница-фактура, при што ќе ги внесат количините и ќе изберат кои сериски броеви ќе им ги испорачаат на купувачите. Притоа постои и можност испораката да се изврши од повеќе складови, каде што се изработуваат два документа (еден склад – еден документ).

Податоците според позициите се внесуваат едноставно со внесување на количината и доколку артиклот се води според сериски број (и рок на употреба) го избираме уште и него. На тој начин ги подготвуваме, односно резервираме количините, а потоа со еден клик истовремено креирам документи (испратници, испратница-фактура, интерна нарачка...).

Prodajna tabla
od 600/ cena je odvisna od števila PA uporabnikov/
Mesečno vzdrževanje: 29,00 € / Letno ob enkratnem plačilu -20%
Več informacij
Aplikacija je ARES dodelava, ki deluje v okviru produkta Pantheon. Za delovanje je potrebna osnovna licenca Pantheona (SE, ME, MF licenca).

Prenesite demo verzijo

    Dovoljujem, da me obveščate o ponudbah glede SmartBit rešitev.
    S klikom na gumb “Pošlji” dovoljujem, da SmartBit d.o.o. moje osebne podatke do preklica hranita in obdelujeta za namene, podrobno opisane tukaj, ki vključujejo spremljanje mojih aktivnosti na spletni strani ter mojih zanimanj z namenom oblikovanja personaliziranih vsebin in ponudb.
    Naročite se na 30 minutni brezplačni posvet

      Proizvodne rešitve
      Prodajne rešitve
      Analitika in načrtovanje
      Druge rešitve
      Dovoljujem, da me obveščate o ponudbah glede SmartBit rešitev.
      S klikom na gumb “Pošlji” dovoljujem, da SmartBit d.o.o. moje osebne podatke do preklica hranita in obdelujeta za namene, podrobno opisane tukaj, ki vključujejo spremljanje mojih aktivnosti na spletni strani ter mojih zanimanj z namenom oblikovanja personaliziranih vsebin in ponudb.
      Povpraševanje

      Izpolnite obrazec, mi pa vam bomo poslali ponudbo.

        Dovoljujem, da me obveščate o ponudbah glede SmartBit rešitev.
        S klikom na gumb “Pošlji” dovoljujem, da SmartBit d.o.o. moje osebne podatke do preklica hranita in obdelujeta za namene, podrobno opisane tukaj, ki vključujejo spremljanje mojih aktivnosti na spletni strani ter mojih zanimanj z namenom oblikovanja personaliziranih vsebin in ponudb.
        Prijava na e-novice

        Prijavi se na e-novice in ostani v stiku.

          Dovoljujem, da me obveščate o ponudbah glede SmartBit rešitev.

          S klikom na gumb “Pošlji” dovoljujem, da SmartBit d.o.o. moje osebne podatke do preklica hranita in obdelujeta za namene, podrobno opisane tukaj, ki vključujejo spremljanje mojih aktivnosti na spletni strani ter mojih zanimanj z namenom oblikovanja personaliziranih vsebin in ponudb.